Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Д.С. (34) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Во саботата пријавениот во два наврати испратил СМС пораки на градоначалникот на Куманово во кои упатил закани кон него и неговиот син. По преземени мерки, Д.С. е лишен од слобода и му биле одземени мобилен телефон, безбол палка, четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога марихуана и една сим картичка.
Исто така, по преземени мерки, било утврдено дека Д.С. е сторител на уште две кривични дела „оштетување туѓи предмети“. Вчера прјавениот скршил излог стакла на два штаба на политичката партија СДСМ, лоцирани на улица Илинденска и улица „Тоде Мендол“, информира МВР во дневниот билтен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст