| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Снема струја во Центарот за дијализа, пациентите оставени на пола терапија

Во Центарот за дијализа во населбата Железара во моментов нема струја, јавува „Досие“. Алармот го кренаа пациенти кои во моментов се приклучени на дијализа. Тие преку социјалните мрежи ги повикуваат надлежните инситуции да преземат мерки додека не биде предоцна.

  • Aко мене дијализа ме кошта 82.000 годишно барем плати струја и материјали, моментално нема струја и агрегат кој не работи, а сме пациенти на дијализа, исклучен чекам – напиша на ФБ еден од пациентите кој ја сликал раката прикачена со игли но машината не работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top