| четврток, 6 декември 2018 |

Новартис ќе затвори 2.200 работни места во Швајцарија

Швајцарскиот производител на лекови „Новартис“ денеска најави дека во следните четири години ќе укине околу 2.200 работни места во Швајцарија, со цел, преку консолидација на производството и преселба на работни места, да ја зголеми профитабилноста.

– Во производните погони во Базел, Штајн, Локарно и Швајерхал ќе бидат укинати околу 1.500 работни места, изјави на прес-конференција извршниот директор на „Новартис“, Вас Нарасимхан.

Дополнителни 700 работни места ќе бидат укинати во сегментот на деловни услуги и тие ќе бидат префрлени во други земји.

Паралелно со тоа „Новартис“ најави и отворање нови 450 работни места во сегментот на клеточно производство и генетска терапија, што значи дека во Швајцарија ќе бидат укинати околу 1.750 работни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top