Акцијата на канадската организација „СОС детски села“ насловена „Спонзорирај дете во Северна Македонија“, беше повод за реакција на Глобалното македонско движење „Ние сме Македонија“ кое ги повика Македонците низ светот да реагираат на користењето на името за државата според договорот од Преспа.
– Почитувани Македонци ширум светот, потребни сме и овојпат за брза акција по повод проектот на @SOS Children Villages Canada наречен ‘Спонзорирај дете во Северна Македонија’. За да бидат нештата појасни, не ја критикуваме целта на проектот, напротив, ја поздравуваме, но бараме веднаш да се корегира насловот во „Спонзорирај дете во Македонија“. Линкови за комуникација:
Емаил: info@soschildrensvillages.ca
ФБ: @SOS Children’s Villages Canada
Твитер: @SOSCV_Canada
– Ве охрабруваме да се приклучете на повикот за акција со испраќање и-мејл, порака на Фејсбук или на Твитер, реагираат од „Ние сме Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст