| четврток, 6 декември 2018 |

Јанушев: Целиот процес околу референдумот е противзаконски и противуставен

Во вечерашното гостување во емисијата Анализа на Tелевизија 24, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев истакна дека власта на СДСМ продолжува со манипулациите со македонскиот народ. Тој забележа дека целиот процес околу референдумот е противзаконски и противуставен.

Јанушев потенцираше дека според закон и Устав, референдумот за Договорот од Преспа требало да биде распишан пред да биде потпишан договорот.

– Референдум на државно ниво може да се распише и за потреба од ратификација на меѓународни договори и за други прашања од надлежност на Собранието (претходен референдум) и за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието (дополнителен референдум), гласи Членот 24 од Законот за референдум, истакна Јанушев.

Тој дополни дека референдумското изјаснување стои и во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак напомена дека во програмата на опозицијата пишува дека партијата не може да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име, а за идентитетските прашања не смее воопшто да се разговара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top