| четврток, 6 декември 2018 |

На 30 септември народот ќе ја земе судбината во свои раце и нема да излезе и нема да гласа за уништување на државата со капитулантскиот договор со Грција

Михајло Маневски

Во Република Македонија, кутната на смртна постела со капитулантскиот договор со Грција, со голем интензитет се подготвува хорско дело со траурен карактер – REQUIEM.  Веќе скоро еден месец дојдоа неколку десетици највисоки политичари, претседатели на држави и влади, канцелари, многу министри, еврокомесари, конгресмени и сенатори, генерален секретар на НАТО и некои предходни генерални секретари, многу евро-пратеници, амбасадори, “олеснувачи” и кој ли уште не, секојдневно по дваица или троица доаѓаат и не убедуваат да гласаме за капитулантскиот договор со Грција, со кој треба да се самоубиеме како народ и како држава, да не постоиме и како никогаш да не сме постоеле. Некои не “советуваат” и со закани и со црни сценарија.

Што ќе да беше ова, каква е ова огромна политичка инвазија и зошто? Вакво нешто не се случило во ниту една држава во светот. Зошто се прави огромен притисок на Македонскиот народ да прифати капитулантски договор, да го смени Уставот, да го смени Уставното име и да се самоуништи? Зошто огромен притисок врз Македонија, ако договорот со Грција е толку добар? Зошто со децении фокусот на притисоци се става само врз Република Македонија да го смени името, а не врз Грција, која не го почитува  меѓународното право и пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Наместо тоа, Грција  обилно беше подржана од ЕУ со над 450 милијарди евра за излез од длабоката финансиска криза во која се најде?

Која е целта да се уништи старата македонска цивилизација и да се уништи македонскиот народ, кој низ вековите го задолжил човештвото со писменост, култура историја и традиција? На кого му пречи македонската цивилизација? На кого му пречи македонската држава и македонскиот народ и од петни жили се запиња да се уништи и ова држава и овој народ? Жалосно и срамно во 21 век. Тоа е спротивно на елементарните норми на меѓународното право.

Само уште Господ што не се симнал, ама Господ гледа, Господ гледа каква неправда му се прави на македонскиот народ и Господ ќе им даде ум и разум на македонците да си ја одбранат државата, да не излезат на овој фатален референдум и да не дадат легитимитет на ова срамно предавство и капитулација.

                     Арогантниот Никола Димитров лаже и се заканува  

Арогантниот министер Никола Димитров, кој и покрај татковата клетва (секој) го подпиша договорот, дури вчера на 5 дена пред референдумот се обиде лажно да коментира неколку одредби од договорот и се закани дека доколку не успее референдумот Собранието ќе биде ставено во функција. Зоран Заев и Никола Димитров мислат дела лесно ќе го изманипулираат народот со лаги и закани. Бидејки се манипулира си народот, ќе подсетам на некои од одредбите од овој капитулантски договор.

                                     Се брише Република Македонија

На референдиумот од 8-ми септември 1991 година македонскиот народ со огромно мнозинство од над 97% гласаше за самостојна и независна Република Македонија. Со членот 1 став 3 точкс а). од Договорот се менува името на државата. Според ова одредба,  официјалното име на Република Македонија ќе биде „Република Северна Македонија“, што ќе претставува уставно име и ќе се употребува erga omnes. Скратеното име ќе биде „Северна Македонија“.

Нема повеќе Република Македонија, туку на државата и се определува сосеема ново имае  Република Северна Македонија. Кој го овластил предавникот и кривоклетник Зоран Заев и предавничката клика окулу него да го менува уставното име на државата утврдено на референдумот од 8-ми септември 1991година? Тоа е кривично дело предавство на државата и народот и тоа кривично дело не застарува.

Се бришат термините  “Република Македонија и Македонија   

Според членот 1 став 7, по влегување во сила на Договорот, термините „ Македонија“, „Република Македонија“ и „ПЈР Македонија“, во преведена или непреведена форма, ќе престанат да се употребуваат за обраќање кон Република Македонија во каков било официјален контекст.

Спрема тоа “Македонија” е мртва. Нема повеќе “Македонија”. Има Северна Македонија, како сосема нов правен субјект. Со тоа се поништува референдумот 8-ми септември 1991 година, спротивно на вољата на народот, а таа  Одлука на народот со ништо неможе да се менува и поништува.

И во слоганот за референдумот се лаже народот со “гласај за европска Mакедонија”, а смислено се избегнува да се наведе “гласај за Европска Северна Македонија”.

                           Нема македонски народ  и нема македонска нација

              На ниту едно место во Договорот не се споменува Македонски народ. Македонски народ според одредбите од Договорот не постои, постојат само некои граѓани на Северна Македонија. Што се тие граѓани? Не постои Македонска нација. Македонскиот народ и македонската нација се бришат. Во 21 век од земјината топка се брише еден стар народ!? Се брише една од најстарите цивилизации на Балканот. Се бришат корењата на македонскиот народ кој исконски опстојувал низ вековите, угнетуван и ограбуван, поделен и подјармен, но опстојувал, се борел и се издигнувал. А сега, предавници, шпиуни и капитуланти го предадоа со еден срамен договор.

Со фаталниот Букурешки договор од 10 август 1913 година Етничка Македонија е распарчана на три дела, а со Договорот од Преспа Република Македонија дефинитивно се уништува како држава и се уништува македонската нација, македонскиот народ и македонскиот институционален и национален идентитет. Се уништува се што е македонско.

Не претвараат во некакви граѓани на Република Северна Македонија

Според членот 1 став 3 т.б. државјанството на Северна Македонија ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и тоа ќе биде заведено во сите патни документи. Нема македонска националност, туку само граѓани на Република Северна Македонија. Погледнете ја, почитувани граѓани, вашата сегашна лична карта или патна исправа. На личната карта во графата после името и презимето стои: ДРЖАВЈАНСТВО/NACIONALITY – МАКЕДОНСКО/MACEDONIAN. А сега со овој капитулантски договор нема македонска националност, нема NACIONALITY MACEDONIAN.  Има само граѓани на Република Северна Македонија.

Се менува кодот на регистерските таблички на возилата

Според членот 1 став 3 т. д).  КОДОТ  на земјата на регистарските таблички на возилата на Северна Македонија ќе биде НМ или НМК, избирај што ти е мило!  За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, Кодот МК и МКД е официјално признат од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) пред 40 години. Зошто се менува меѓународно утврдениот КОД – МК на регистарските таблички на возилата во НМ или НМК? Кој можеше да прифати таква глупост? Во ниту една земја во светот нема двојни кодови  на државата. Кодот на државата е за севкупна употреба. Зошто посебно некаков КОД НМ или НМК на моторните возила? Се даде некакво глупаво образожение дека Грците биле чувствителни на кодот МК и ги шаркале и кршеле возилата на македонците!? Таа понижувачка глупост ќе ги чини  македонските граѓани над 40 милиони евра. Сите граѓани мора да ги променат табличките на возилата, сообраќајната и возачката дозвола и дозволата за евиденција.

Се преименува Македонската православна црква

              И моќниот султан низ вековите имал поголема почит и разбирање за религиозните чувства на народот од овие капитуланти и предавнивци од типот на Зоран Заев, Никола Димитров и кликата окулу нив и издавал фермани за градба на верски објекти, на цркви и манастири. Да се дрзнат да го променат името Македонска православна црква предвидено во членот 19 од Уставот е тешко злосторство.  Според членот 1 став 3 точка г. повеќе нема Македонска православна црква, туку таа ќе се преименува како Православна црква на Република Северна Македонија!? Тоа е нешто сосема ново и срамно.

Се руши институционалниот и националниот идентитет

Придавката Македонска” според член 1 став 3 точка г. во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име на државата или со нејзиното скратено име, односно „на Република Северна Македонија“ или „на Северна Македонија“. Нема повеќе Македонска Академија на науките и уметностите МАНУ, туку Академија на науките и уметностите на Северна Македонија или АНУСМ, нема повеќе Мекедонски народен театар, Македонска Филхармонија, Македонска фудбалска репрезентација, Македонска војска, нема ништо македонско, нема песна “ Ој Вардаре македонски од извора дур до Солуна” Таа изведувачка што ја пееше таа песна, сега е зафатена со пропагандна кампања.

             Ќе се променат сите фирми на државните и локалните органи, сите ознаки на војската и полицијата, сите печати, штембили, меморандуми, уписници, службени книги, сите пари и хартиите од вредност. Се се менува од корен, се се превртува наопаку. Граѓаните и државата се тотално обезличени. Кога ќе се погледнете во одгледало, вие не сте тоа што сте биле.

Заеднички  интердисциплинарен комитет

Според членот 8 став 5, се основа Заеднички интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања, кој ќе ја преиспитува нашата историја, образование и археологија. Тој комитет ќе врши ревизија на нашите учебници, историски настани, археолошки факти и наоди, карти и музејски поставки, споменици и спомен обележја и ќе се бара секаде иредентизам. Дали тој комитет ќе најде иредентизам, национализам и етноцид во грчките учебници и историски настани, како што се прогонот и убиствата во Егејска Македонија и протерувањето на над 28 илјади деца и одземање на имотите на протераните Македонци со иредентистичките и асимилаторски закони, чисто се сомневам. Сета енергија е насочена спрема Македонија и во историјата и во археологијата и во фолклорот и во културата, богато присутна на секое место во Македонија, каде и да копнеш во земјата ќе најдеш артефакти за богатата историја и култура на овој народ.  Тоа ли им пречи?

                                Најцрната референдумска кампања

Референдумската кампања се одвива со грубо кршење на изборните правила. Ова е најцрната изборна кампања што било кога е спроведувана. Од страна на Зоран Заев и кликата окулу него се врши невидена тортура, закани и притисоци. Се врши директен подкуп и заплашување на граѓаните, се ветува зголемување на социјални примања, зголемување на плати во образованието, здравството, градинките… Је урнисаа Државната комисија за спречување на корупцијата за да нема кој сето ова што се случува да го санкционира. Останаа неми и глуви таканаречени невладини борци против корупцијата за заштита на изборниот процес  кој се корумпира и власта се злоупотребува. Деца од 13 – 14 години носат барјаци и паѓаат во несвест. Се одважи само невладината МОСТ за апелот на премиерот Зоран Заев до бизнисмените,  финансиски да ги мотивираат вработените во нивните компании да гласаат и тоа  го квалификува како  “неетички потег” кој не треба да биде дел од еден ваков важен процес. Значи, казненото дело е само неетички потег!.

Коцкарот  Зоран Заев се коцка со народот и државата

За овој договор играв на се или ништо”, признава  Зоран Заев на митингот во Струмица. “ Немојте да мислите дека некој друг ќе ни ја заврши работата, дека има некој резервен план, нема. Ова е храбра битка, играв со сите кецеви и џокери во ракав, играв со мојот народ, играв „all in“, играв на се или ништо”,  рекол пред два дена Зоран Заев во Струмица.

Коцкарот Зоран Заев, човек со сомнителен морален кредибилитет, држвата ја ставил на кочка во залог!?. “Играв со мојот народ, играв „all in“, играв на се или ништо”, како народот да е негова играчка, како државата  да е негова играчка.  Кој го овласти овој коцкар си игра со народот? Ова е несериозно, недостоинствено, подло и срамно и не преставува никаква храброст. Голема храброст ли е да ја предадеш државата.

И што останува сега?  Останува камшикот на коцкарот Зоран Заев  од Велес да го земе Јавниот обвинител на Македонија и да спроведе кривична постапка против коцкарот за предавство на државата и народот.

             А народот? Народот на 30-ти септември ќе ја земе судбината на државата во свои раце и нема да излезе и нема да гласа за уништување на сопствената држава со еден капитулантски договор со Грција, на коцкари, мапитуланти и предавници.

 

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top