| четврток, 6 декември 2018 |

Говорот на Лука Модриќ го расплака неговиот идол (видео)

Лука Модриќ вчера беше прогласен за најдобар фудбалер на годината во изборот на ФИФА. Хрватот ги освои симпатиите на капитените, селекторите, новинарите и фановите, а пет бода доби дури и од Лео Меси.

Модриќ кога ја доби наградата најпрво им се заблагодари на соиграчоте на Реал Мадрид и репрезентациајта, а потоа испрати искрена порака до капитенот на златната генерација на Хрватска и негов идол, Звонимир Бобан.

– Сакам да му се заблагодарам на мојот идол Звонимир Бобан, поранешен капитен на Хрватска и на генерацијата на фудбалери кои ја освоија светската бронза во 1998 година. Тие беа одлична инспирација, и како тим, бевме убедени дека можеме да направиме нешто големо во Русија. Се надевам дека ќе бидеме инспирација за некоја друга генерација што доаѓа, изјави Модриќ и го расплака својот идол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top