Турскиот парламент усвои амандман на Законот за војска врз чија основа некогашните моќни армиски лидери во минатото ги оправдувале интервенциите во политиката, односно смениле 4 влади од 1960. до 1997. година. Направена е преформулација на законската одредба, па сега наместо должноста на војската да биде да „ ја надгледува и штити турската република“, должност на војската е да ја „брани турската нација од надворешни закани“.
Исламската влада на премиерот Реџеп Тајип Ердоган со реформи досега веќе успеа значајно да го ослаби влијанието на војската по пат на цивилна контрола, па и синоќа усвоениот амандман се смета како симболичен, пренува АП.
Турската војска, која долго се сметаше себе си за заштитник на секлуларниот систем на земјата, примора четири влади да си одат од власт во периодот од 1960. до 1997. година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Три позитивни промени што ќе ги почувствувате кога ќе престанете да јадете бел леб барем еден месец
-
Климата на Земјата би можела да излезе од контрола
-
Измени во Законот за минимална плата


