| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски е најдобар играч во Серија Б по првите четири кола

Специјализираната веб страна за италијански фудбал, Tuttomercatoweb, го оцени македонскиот голгетер, Александар Трајковски со просечна оценка 7,25 за настапите во првите 4 кола, што го прави убедливо најдобар фудбалер во целата Серија Б.

Трајковски ја започна сезонава со 3 гола на досегашните 4 меча, а имаше и две извонредни асистенции.

Вториот македонски интернационалец во дресот на Палермо, Несторовски, блесна во минатото коло, но засега не успеа да избори место во ТОП 20 листата на најдобри играчи во Серија Б оваа сезона. Зад Трајковски засега се наоѓаат фудбалерот на Цитадела, Палеари со просечна оценка 6,75 и алфонсо од Бреша кој има просечна оценка за првите четири кола, 6,63.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top