| четврток, 6 декември 2018 |

Очаен Сириец ја бара својата ќерка низ Хрватска: Ве молам помогнете, Алса е сама, има само 5 години!

Eден Сириец на Твитер и другите социјални мрежи ги моли луѓето да му помогнат да ја пронајде својата ќеркичка Алса (5), од која хрватските полицајци го одвоиле на граница и го вратиле во Босна и Херцеговина.

Несреќниот човек раскажува дека неодамна со група мигранти успеал преку Бихаќ да влезе во Хрватска и по два дена пешачење стигнал на подрачјето на Смољанац недалеку од Плитвичките езера.

-Немавме храна и само застанав во локалната продавница да купам некои продукти, вода и храна. Тука ме фати хрватската полиција, ме пикна во автомобил и ме врати назад во Босна. Им реков дека тука ми е ќерката, ги молев да не, не раздвојуваат. Не ми веруваа, раскажува Сириецот во потресното видео објавено на Твитер.

Тој не знае каде му е детето и ги моли сите кои знаат нешто да јават во полиција во Велика Кладуша или во најблиската полициска станица. Објави и мапа на местото каде девојчето е последен пат видено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top