| четврток, 6 декември 2018 |

Фатална несреќа на патот Кичево – Битола, кичевчанец починал на пат кон скопските клиники

Вчера околу 15 часот, на регионалниот пат Кичево – Битола, кај село Видрани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.П. (54) од село Козица, кичевско и патничко моторно возило „Лада нива“ со охридски регистарски ознаки управувано од В.П. (69) од село Другово.

По незгодата К.П. со возило на Итна медицинска помош од Медицински центар Кичево бил препратен кон Скопје, но по пат му се влошила состојбата и починал во Медицински центар Гостивар.

На сопатничката од возилото „Лада“ Р.П. (68) од село Другово во Медицински центар Кичево и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top