| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе- хит во ОН (Фото)

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која овој јуни стана втората лидерка што роди бебе за време на својот мандат, стана хит на Генералното собрание на Обединетите Нации, каде што се појави со својата принова.

epa07043963 Clarke Gayford (3-R), partner of New Zealand Prime Minister Jacinda Ardern, holds their daughter Neve (C) while Ardern speaks at the Nelson Mandela Peace Summit during the 73rd session of the General Assembly of the United Nations at United Nations Headquarters in New York, New York, USA, 24 September 2018. The General Debate of the 73rd session begins on 25 September 2018. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Ардерн ја поведе со себе тримесечната ќерка Нив на самитот посветен на Нелсон Мандела и на мирот, на кој имаше претставници на 130 држави.

epa07043965 New Zealand Prime Minister Jacinda Ardern speaks at the Nelson Mandela Peace Summit during the 73rd session of the General Assembly of the United Nations at United Nations Headquarters in New York, New York, USA, 24 September 2018. The General Debate of the 73rd session begins on 25 September 2018. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Додека премиерката го држеше говорот, бебето беше во рацете на нејзиниот партнер Кларк Гејфорд. Таа инаку беше 67-от говорник, а веднаш потоа ја зеде ќеркичката во раце и ја бакна, со што ги освои симпатиите како на присутните, така и на јавноста.

Во исто време, Гејфорд на Твитер објави слика од бебето со значка на која пишува: „Првото бебе на Нов Зеланд”.

Освен Ардерн, пакистанската премиерка Беназир Буто е единствената која се породи додека беше на власт, во 1990 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top