| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ има докази за брутално мешање на западни земји во изборите во Република Српска

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека некои држави најбрутално се мешаат во изборите во
Република Српска и притоа се закануваат на луѓето.
-Јас ќе почекам да завршат изборите, нема да се мешаме во одлуката на народот на Република Српска, но
по изборите ќе покажам фрапантни докази за најбрутално мешање на поедини западни сили во изборите
во Република Српска, рече Вучиќ.
Тој додаде дека мешањето оди до таму што амбасадори на западните земји ги повикуваат луѓето од
листите на некои партии и им се закануваат дека не смеат да ја променат страната или во спротивно „ќе
одговараат за злосторства кои ги направиле но и кои не ги направиле“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top