Продолжува трендот на тепачки меѓу соученици и нивно снимање. Вчера се појави нова видео снимка која ја згрози јавноста, објави Канал5.
„Ајде бе истепај ја..“
Продолжува трендот на тепачки меѓу соученици и нивно снимање. Вчера се појави нова видео снимка која ја згрози јавноста. Се работи за пресметка меѓу две девојчиња. Едното од нив најпрво вербално, а потоа со шамари и клоци го напаѓа другото девојче, кое е немоќно да се одбрани. Никој не реагира на вознемирувачките сцени. Напротив, целата пресметка се снима со телефон, се навива и дополнително се иницира на пожесток дуел.
Првата детска амбасада „Меѓаши“ остро го осудува инцидентот. Оттаму велат дека не е само воспитувањето во училиштата и домот, туку и технологијата која поттикнува агресија кај децата.
Пропустите во системот се неминовни. Додаваат, она што недостасува е тоа како да се пристапи до децата и да се научат да комуницираат, а не да се напаѓаат.
Јавноста се уште се сеќава на бруталната тепачка во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино. Случајот со двете девојчиња кои немилосрдно ја претепаа својата соученичка во училишниот двор, пред очите на поголема група на деца кои навиваа и снимаа со мобилни телефони, стигна и до Центарот за социјални работи и Државниот просветен инспекторат, а на ученичките им беа изречени педагошки мерки.
Тепачката во училиштето во Неготино настанала поради момче – родителите на разговор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст