| четврток, 6 декември 2018 |

Тунтев: Не се сомневаме во регуларноста на референдумот, домашните и странските набљудувачи досега не потфрлиле

Oдлуката на собраниското координативно тело да не определи свои набљудувачи за избирачките места за референдумот следуваше по анализата дека не постои соодветен систем на селекција на потребниот број набљудувачи, ниту пак од каде тие набљудувачи би се бирале, вели во изјава за Република координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

-За претстојниот референдум се акредитирани голем број домашни и странски набљудувачи, кои секогаш успешно ја завршуваат својата мисија и даваат објективни оценки, релевантни за текот и одвивањето на изборниот порцес. Сигурен сум дека избирачките органи професионално и совесно ќе си ги исполнат своите обврски во врска со претстојниот рефернум со оглед на тоа дека се составени со лица вработени во администрацијата, а Собранието има целосна доберба во нив, вели Тунтев.

Тој смета дека нема простор за било кави сомнежи во регуларноста на процесот, бидејќи ДИК и нејзините изборачки тела се надлежи да го спроведат референдумот, а на терен ќе има доволни независни набљудвачи кои внимателно ќе го следат процесот.

Република побара став и од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, но до овој момент тој не одговорил на нашето прашање.

Собранието соучесник во фалсификатот, на пратениците не им е грижа како ќе се спроведе референдумот?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top