| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Албанскиот народ добива државотворен статус, a АСНОМ и одлуките се целосно избришани од Преамбулата

Во амандманот за промена на преамбулата на Уставот што протече во јавноста албанскиот народ добива државотворен статус, а одлуките на АСНОМ како и самиот АСНОМ се целосно избришани! Сардисани се 9-те решенија кои се темел на нашата самобитност и автохтоност како Македонци!, пишува денеска професорката Тања Каракамишева.

  • Ја нема Декларацијата за основните права на граѓанинот, го нема решението за македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, го нема Правилникот за работа на АСНОМ, го нема Решението за формирање Президиум на АСНОМ, го нема решението за формирање државна комисија за утврдување на престапите на окупаторите и нивните помагатели, го нема решението за прогласување на Илинден -2ри август за народен државен празник на македонската држава, го нема МАНИФЕСТОТ НА АСНОМ! – предупредува професорката, додавајќи ОВА Е ЧОВЕК ДА ОСТАНЕ БЕЗ ЗБОРОВИ!

Панко Брашнаров, Методија Андонов Ченто, Емануел Чучков, Венко Марковски, Цветко Узуновски, Богоја Фотев, Михајло Апостолски, Страхил Гигов, Петар Пирузе, Киро Петрушев, Јован Ѓоргов, Лазар Соколов, Вера Ацева, Камбер Хасан, Ацо Петровски, Богоја Фотев и многу други СЕ ПОМНОЖЕНИ СО НУЛА!, пишува профестката додавајќи за крај:

ЕТЕ ТОА Е ТАА “ДЕМОКРАТСКА” ВЛАСТ ШТО НЕМА ПОИМ ОД НИШТО!

СРАМ!

НАЦИОНАЛЕН СРАМ НА ВЕКОТ!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top