Само 5 проценти од мажите имаат пенис поголем од 20 сантиметри, а тоа се обично оние од филмовите за возрасни. Еве кои се најголемите митови кога е во прашање машкиот полов органДолжината на пенисот меѓу 20 и 21 см е вообичаена
Оној што се фали дека има повеќе од 20 сантиметри, веројатно лаже. Само пет отсто од мажите имаат пенис поголем од 20 сантиметри, и тоа се воглавно оние од порно филмовите. Факт е дека повеќе од 2/3 од мажите имаат пенис со должина меѓу 15 и 17 сантиметри.

На жените не им е важна големината, туку техниката
Секако дека е важно на кој начин ќе го употребите пенисот, но ретко кој може да поверува дека големината не е важна. Факт е дека колку е пенисот поголем, толку подлабоко може да пенетрира, а тоа значи и поголемо уживање за жената.
Најважна е должината на пенисот
Секако дека должината е битна, но исто толку важна е и ширината. Ширината на пенисот одредува колку вагината треба да се рашири. Исто така, многу е полесно да се стимулира клиторисот за време на односот, ако пенисот е поширок.
Ако имате голем пенис тогаш сте и добар љубовник
Ако имате голем пенис, а не можете да издржите секс повеќе од 30 секунди, тешко дека ќе ја доведете партнерката до оргазам, без оглед на тоа колку ви е голем.
Секојдневна ејакулација лошо влијае на спермата
Според едно неодамнешно истражување, секојдневната ејакулација може да ја оштети ДНК-та на спермата. Секојдневна ејакулација точно дека ќе го намали бројот на сперматозоиди, но тоа не треба да ве загрижува, освен ако не се обидувате да станете татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


