| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во кафеана во Кучково: Кршеле чаши и шишиња, кога требало да платат го нападнале газдата

Ноќеска околу 1 часот по полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с. Кучково – скопско, во угостителски објект, дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу повеќе лица.

Имено, на една од масите во објектот лицата кои седеле, започнале да кршат чаши и шишиња и на вработените им кажале дека ќе ја подмират штетата што ќе ја направеле. На тоа реагирал сопственикот А.Т.(25) од Скопје кој им кажал дека работното време завршува за 20 минути и дека треба да ја подмират сметката и да го напуштат објектот.

Тогаш лицата започнале најпрво со чаши и пепелници да фрлаат кон А.Т. а потоа и физички го нападнале. Потоа дошле В.М. (21), М.К. (20), П.М. (29) и В.А. (26) сите од Скопје, но веднаш лицата започнале и кон нив да фрлаат шишиња и други предмети, а потоа и физички ги нападнале, по што го напуштиле местото на настанот.

Нападнатите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. По преземени мерки и активности, околу 02.15 часот пронајдени и приведени во Полициската станица Ѓорче Петров биле лицата: М.М. (26) од с. Кисела Јабука, Д.Б. (22) од с. Волково, И.Ј. (41), С.К. (30) М.З. (34) и Н.С. (20) сите од с. Кисела Јабука. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top