| четврток, 6 декември 2018 |

Повредил дете, па избегал од местото: Кривична за полицаец од Струмица

Полицаец во СВР Струмица М.Р (30) на 5 август годинава управувајки мотоцикал марка „YAMAHA FZ1“ со бугарски регистарски таблици, учествувал во сообраќајна незгода, во која со телесни повреди се здобило малолетно лице од Струмица. По настанатата сообраќајна незгода полицецот го напуштил местото на насреќата, а истовремено сторил и царински прекршок бидејќи управувал моторно возило-мотоцикл со бугарски регистерси таблици сопственост на жител на селото Куклиш, соопшти денеска на прес-конференција портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Нему и на уште две лица Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица им поднесе кривични пријави.

– Второпријавениот В.Р. (54) вработен како цариник во Царинска испостава Ново Село, искористувајки ја својата службена положба и овластување, со цел да избегне одземање на моторното возило мотоцикл марка  „YAMAHA FZ1“ во сопственост на третопријавениот (В.Т.) 31 од село Куклиш, со кој мотоцикл на неговиот син сторил сообраќајната незгода, иако знаел дека третопријавениот-сопственик на мотоциклот не е во Република Македонија отпочнал постапка за царинење на мотоциклот во име и за сметка на третопријавениот, рече портпаролката Хризантема Рендевска

Додаде дека таткото на полицаецот приложил фалсификувани документи за царинење на моторциклот.

Против полицискиот службеник поднесена е и кривична пријава за сторени кривични дела „Загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ а до Царинска управа на РМ – Царинарница Гевгелија доставено е Известување за сторен царински прекршок,  со предлог мерка одзементото возило да биде ставено под царински надзор за време на спроведување на постапката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top