| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка нападната од својот сосед: Тргнал кон неа со секира, па ја гаѓал со камења

Вчера околу 13 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека на булеварот „Македонско – Косовска бригада“, додека Х.С. (41) одела кон своето возило кое било паркирано пред нејзиниот дом, соседот Д.Т. (56) излегол надвор со секира во рака, се приближил до неа и и упатувал навреди и закани.

Х.С. влегла во дворот, а истиот ја оставил секирата и зел камења и почнал да ги фрла кон неа. Д.Т. е приведен во Полициската станица Бит Пазар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top