| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка претепана од нејзиниот свршеник, со тешки повреди завршила во Градска

Вчера околу 19 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена повредена С.П. од Скопје која била физички нападната од нејзиниот свршеник С.Ф.

Имено истиот ден околу 11 часот С.П. отишла во домот на нејзиниот свршеник, по што настанала расправија и тој физички ја нападнал. Околу 18.40 часот истата со такси возило заминала во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и била констатирана тешка телесна повреда и била задржана на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top