| четврток, 6 декември 2018 |

Дознајте кои се најнапорните хороскопски знаци

Кај овие хороскопски знаци, маните се многу нагласени и луѓето по некое време почнуваат да ги одбегнуваат

Ова се четирите најнапорни хороскопски знаци…

Овен
Иако Овните се многу великодушни и топли личности, понекогаш знаат да претераат. Тешко им е да ја препознаат границата помеѓу она што е прифатливо и она што е напорно, па многумина не можат да ги поднесат, бидејќи секогаш сакаат да се во центарот на вниманието и многу често манипулираат со другите.

Рак

Раковите често минуваат низ промени во расположението и тешко го контролираат гневот. Токму затоа и’ стануваат напорни на околината, која не може да го поднесе нивното параноично однесување.

Вага
Луѓето родени во знакот Вага се многу дружељубиви и не сакаат да поминуваат премногу време сами. Сепак, имаат една многу негативна особина, а тоа е склоноста кон пасивна агресија. Поради чувството на помала вредност, многу лесно се навредуваат, а кога некој ќе им ја воочи вистината за нивното однесување, се обидуваат да ја префрлат вината на некој друг.

Риби
Чувствителните Риби често запаѓаат во меланхолија. Претерано се чувствителни на секаков вид критики и полни се со комплекси што ги прави многу напорни во друштво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top