Дваесет и две годишен скопјанец бил тешко повреден во синоќешното пукање во скопската населба Ченто кога напаѓачите од полуавтоматско оружје испукале повеќе од 30 куршуми во автомобилот во кој се возел. Момчето било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Клиниката за торакална хирургија. Според лекарите му биле нанесени тешки повреди и животот му е во опасност, јавува МКД.мк.
Пукањето се случило синоќа, на улицата Алија Авдовиќ, пред Основното училиште „25 Мај“. Напаѓачот од полуавтоматско оружје со повеќе од 30 куршуми го изрешетал автомобилот „мерцедес-бенц“ во кој бил тешко повредениот и уште едно лице кој поминал без посериозни повреди.
Од МВР сѐ уште не соопштуваат детали за вооружениот напад кој ги вознемири жителите на Ченто. Се претпоставува дека се работи за крвна одмазда.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст