Главнната метеоролошка одлика на денешниот ден ќе биде ветерот. Утрото ќе биде релативно мирно во тој поглед, но рано попладне многу бргу ќе „пробие“ северен ветер. Истиот во попладневните часови ќе биде засилен, односно со брзина од околу 40 km/h, но локално, особено долж повардарието и на повисоките места, ветерот ќе има повремени удари со брзини и до околу 80 km/h.
Понеделник ќе биде веројатно последниот ден од оваа година со температура во земјава над 30°С. Температурата ќе има максимална вредност во границите помеѓу 25°С и 28°С во котлините од западниот и северниот крај, додека долж повардарието ќе има вредност помеѓу 29°С и 32°С.
Скопскиот крај очекува ведро време наутро, а попладне мала до умерена облачност. Попладне ќе биде особено ветровито. Ќе дува засилен, а повремено и силен северен ветер. Температурата ќе има максимална вредност до 29°С.
извор: meteopro.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


