Најмалку две лица загинаа, а стотина се повредени од тајфунот „Сулик“ што го погоди денеска Тајван. Тајфунот носел покриви на куќи, многу улици се во застој од паднати дрвја, а одделни патишта се поплавени.
Локалните медиуми известија дека 8.000 се евакуирани од своите домови пред налетот на тајфунот и оти на територијата на целиот остров е прогласена „состојба на готовност“.
За тајфунот „Сулик“ се подготвува и Кина во која се евакуирани над 300.000 лица, а по должината на целиот југоисточен брег се распоредени 5.500 војници со цел да помогнат во спасувачките напори. Кина им наредила на рибарските бродови да се вратат во пристаништата и ги запрат бродските линии кон Тајван.
Тајфунот ќе помине и во близина на јапонскиот остров Ишигаки и Мијако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


