| четврток, 6 декември 2018 |

Мртов маж пронајден во река во Прилеп

Вчера околу 16 часот, било пријавено дека на место викано “Подводенци“ – Прилеп, во водите на локалната река пронајден бил починат О.Н. (67) од Прилеп.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top