| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски го цитира Цепенков: Не барај ни кај куче вера ни кај богат мера

Политичката/бизнис елита во државава добро знае што губи народот со неповратното менување на Уставот, името и националното понижување, но најважно им е што би добиле тие преку овој манипулативен референдум.
Упростено преку зборовите на Трифун Костовски на 24Вести, кој сам си кажа: “и мене ми е тешко јас од Македонец да бидам Северномакедонец, но битно е да ми се отвори бизнисот за банката!”
….
За ваквите Цепенков имаше поговорка “не барај ни кај куче вера, ни кај богат мера!”
….
Затоа на овој неуставен референдум на една страна ќе биде ЕЛИТАТА (блиски и до СДСМ, и до ВМРО, ДУИ, НСДП, некои академици, транзициони бизнисмени, тендер групации, богаташи од градежниот, фармацевтскиот, нафтениот бизнис, одредени судии, некои високи службеници, сите кои подолго време уживаат материјални придобивки, повластен статус и државен конфорт), а на другата страна ќе биде НАРОДОТ. Затоа шират пропаганда за што повеќе народ да се изманипулира и да им служи како покритие.
Затоа е важно да биде свој на своето.
Честа на родот, и достоинството на народот!
Туѓото не го сакам, своето не го давам.
#Бојкотирам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top