| четврток, 6 декември 2018 |

Млад гостиварец го тепале додека не се онесвестил

Во 6.00 часот утрово 21-годишниот К.З од околната гостиварска населба Циглана пријавил дека околу три часот пополноќ на излегување од Угостителски објект лоциран на улицата ,,Живко Брајковски“ во Гостивар физички бил нападнат од две лица кои со тупаници го удирале по глава, од што паднал во бессознание.

Повикана е Брза помош и укажана му е соодветна лекарска помош, а еден од напаѓачите е приведен во полициска станица.

Станува збор за 22-годишниот Р.С од гостиварското село Здуње.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top