Бизарна расправа која ја воделе татко и син во трање од 20 минути, завршила трагично кога таткото испукал два куршуми во градите на несреќното момче.
Енди Смит (30) бил лечен наркоман и татко на две деца, а настрадал минатата година недела дена пред Божиќ кога неговиот татко Питер (80) го застрелал со два куршуми директно во градите, откако се скарале околу кајганата која на младниот Смит му изгорела.
Како што се наведува, момчето испило неколку пијачки во дворот на семејната куќа во Мелбурн, по што влегол во куќата со мајката и таткото за да подготват омлет за вечера.
Обвинителот Mарк Рокфорд на претресот пред судот изјавил дека Енди излегол надвор и го фрлил изгорениот омлет на земја, по што кажал неколку навредливи зборови на сметка на кучето кое го чувал неговиот татко, како и на таткото.
Наводно ги опцул кучињата и татко си и му рекол: И онака ќе бидеш мртов за година дена, а неговиот татко кратко пред тоа имал операција на карцином на цревата. По тие навреди, таткото се обидел да го удри, но го промашил и почнале да се борат на земја.
Енди потоа легнал во кревет, а Питер во кујната ја завршил вечерата со сопругата. Меѓутоа, кратко потоа, станал од масата, отишол до камиончето од каде ја зел пушката и се вратил во куќата да го убие синот. Како што е кажано, тој својата намера ја соопштил на сопругата, но таа не му верувала, мислејќи дека е само моментален бес.
Старецот пред судот се изјасни како виновен, наведувајќи дека неговата реакција била плод на повеќегодишното мачење со синот за чие лекување од наркотици потрошил меѓу 30 и 40 илјади долари, но и нерви.
Омлетот, како што рекол, бил иницијална каписла, бидејќи не можел повеќе да ја издржи ситуацијата во коja се нашле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст