Нам ни е потребно единство повеќе од кога и да е, повика на обединивање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Охрид.
-Потребно е обединување на граѓаните затоа што делиме исти страдања, исти маки и проблеми. Македонија нема да стане подобра со овие луѓе на власт. Ова што денес го живееме е планот А на Зоран Заев, тоа е неговиот план. Не на народот, не на ВМРО-ДПМНЕ. И не е само овој договор, нема ден да не помине со нов скандал. Забораваат на ветувањата кои ги даваа пред изборите, ама не забораваат матните бизниси да им врват. И во својата суштина гласањето ЗА овој договор значи давање на легитимитет на Зоран Заев и следниот ден да продолжи да дели тендери на брат му Вице, гласањето ЗА овој договор значи и ветар во грб да продолжат да ги покачуваат даноците, да земаат од парите на народот, гласањето ЗА значи и легитимитет да продолжат криминалните иновации, да има повеќе државни тендери во фирмите на Анѓушев кој и понатаму ќе удира по новинари со фломастер, гласањето ЗА значи и давање на легитимитет на уништената економија, но и легитимитет на скапите стипендии на одбраните луѓе од власта, за нови тендери во здравството кои ќе продолжат од ќерката-директор на таткото-бизнисмен, на нови матни тендери за книги и бизниси во коалицијата на власт. Затоа внимавајте важна е оваа одлука која ја носите.
ВМРО ДПМНЕ нема план за бојкот или апстиненција, ниту тајни комитети како што некој сака да каже, ниту било што друго се со цел да се мистифицира и заплаши народот, рече Мицкоски. Уште еднаш го повтори ставот на партијата дека остава народот сам да одлучи како ќе постапи, бидејќи сите аргументи се на маса, со сите лоши страни штетни за државата. Народот е пред голема одлука.
–Се наоѓаме во градот на Прличев, Шапкарев, Узунов, Патчев, градот каде најгласно се кажуваат молитвите на св. Наум и Климент, градот на Самоил и плејада дејци, големи личности кои оставиле неизбришлива трага низ времето. Големи Македонци кои се дел од нашиот идентитет, умови кои се нашето суверено богатство, кои освен големи дела, оставиле и аманет за нас.
Коста Абраш напиша:
Црвена е крвта што врие и тече,
црвена е молњата облаци што сече,
црвено е небото в зори што се смее,
црвено е знамето гордо што се вее.Вонвременскиот Прличев ќе напише:
…лицем светци, срцем волци
Ќе ве дават ќе ве стрижат, ќе молзат до крв
Меѓу народа ќе сејат несогласје и раздори,
Да се мрази син со татка и со брата брат.
На 30-ти в недела, на денот на референдумот Мицкоски ги повика охриѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи, Египќани, да станат и да размислат дали живеат подобро со овие луѓе на власт и дали овој договор ќе им донесе иднина каква што посакуваат.
-Ние Македонците немаме друга татковина. Потсетете се дека ако го дадете вашиот глас за договорот, картата пред која сте седеле на училиште како дете и знамето пред која сте ја слушале македонската химна, нема да го има името Македонија, сетете се на радосните мигови кога гордо сте навивале за македонската фудбалска репрезентација или сте навивале за успесите на нашата ракометна или кошаркарска гордост, колку гласно сте го извикувале напред Македонијо – име кое сега сакаат да го немаме, сетете се колку гордно сте се чуствувале кога сте ваделе државјанство или лична карта, а таму пишува Република Македонија, земјата со големо име. И на крај, Ве молам сетете се на раскажувањата на вашите дедовци и постари роднини во семејството каква битка биеле за ова парче земја и само низ колку страдања поминале за името кое денес ние гордо го носиме МАКЕДОНИЈА!. ….Име кое сега сакаат да го смениме.
Слушајте го вашето срце, и расудете со мудрост и јас знам дека ќе донесете правилна одлука.
Македонија е нашето се,
Како нашиот сон, нашата идеја, нашата борба и огромна љубов.
Кренете главата гордо и високо Македонци, граѓани на Македонија, и сите ние, сите вие да застанеме под знамето кое гордо ќе се вее, низ сите невремиња, порази и победи.
И нека слушнат сите на кои тоа не им е јасно, Македонија е европска земја, Македонија мора напред.
Македонија ќе победи!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст