Наместо да рече дека договорот е штетен, дека со договорот се губи идентитетот, се губи името Македонија и дека не е заштитена националноста, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се обрати од Охрид, откако го предводеше протестниот марш, ги цитира грчките партнери на премиерот Зоран Заев.
„Ципрас, јуни 2018 година ќе изјави: „Не признаваме со договорот македонска националност, нема да ги нарекуваме Македонци“.
Јоргос Катругалос, алтернативен министер за надворешни работи, јуни 2018 година: „Во договорот нема споменување и признавање на национаност, туку се споменува само државјнство“.
Марија Спираки, овој месец: „Не го прифаќаме постоењето на македонскиот народ, не ги исполувате критериумите за членство во ЕУ“.
Коѕијас, јули 2018 година: „Вашата армија не е повеќе македонска“.
-Вака ли ги заштитвте македонските национални интереси? Вака ли му продавате магла на македонскиот народ на полупразните или прази плоштади? Нема да ви дозовлиме ова да ви помине! Па што се овие изјави ако не директен, непремослив доказ дека со договорот се губи името Македонија, идентитетот и воедно се дава кочница во рацете на Грција да го блокира европскиот пат на Македонија кога сака и како сака, и доколку помине ова, години потоа ќе дојде момент кога Грција повторно ќе постави некакви услови, а ние ќе бидеме тогаш со сменето име идентитет и историја.
Ако со референдумот се даде зелено светло на договорот со Грција, практично се вклучува црвено светло за референдумот од 8 септември 1991 година. Иако сакаат од власта да направат поистоветување тие се сосема два различни, спротивни еден од друг референдуми. Ако оној 1991 година беше за самостојна независна и суверена Република Македонија, овој сега е за токму спротивното, за промена на името и губење на Македонија таква каква што ја изгласавте таа 91 година, јас се уште бев малолетен.
Мицкоски ја предупреди власта да не негува илузии дека ќе отвори дебата без аргументи и дека има простор за толкуваше што значело успешен или помалку успешен референдум.
-Законот е јасен над 900 илјади гласачи кои треба да излезат и најмалку половината да гласаат потврдно за овој договор. И доколку излезат помалку, тоа ќе значи дека овој договор не поминал, затоа што тоа не го вели Мицкоски, тоа го вели законот, а државата мора да почива врз ред и поредок. И доколку власта не го почитува исходот од референдумот каков и тој да е, тогаш тоа би значело дека треба да ја вратиме старата територијална организација пред 2004-та година затоа што тој референдум за новата оргаизација беше неуспешен.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека власта врши пртисок по секоја цена да се излезе и поддржи договорот.
-Добивам информации за се почести средби на лица од власта со структури од криминалното подземје. Тоа ја покажува сета немоќ на власта и сета штетност на договорот кој сакаат на сила да го истуркаат. Така само создаваат уште поголем револт кај народот и пркос. Затоа што не смее да остане запишано дека како народ со сила сме го смениле името, сме се себепрекстиле и сме ги прекрстиле нашите деца. Тоа нема да им успее, а власта треба да си ги прибере тие свои заканувачи бидејќи може не сега, но ви кажувам дека ќе дојде ден кога ќе се испорача цехот, и ќе биде побарана одговорност пред словото на законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст