| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Со овие луѓе на власт Македонија ќе остане во чекалницата на Европската унија, зашто нивните европски вредности се „евро за Вицето евро за црквата“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во говорот на митингот во Охрид ги потсети граѓаните на 27-годишното тапкање во место на Република Македонија и на црните деведесетти.

-Пораснавме, живееме и старееме со лажните ветувања за подобро утре, кое еве 27 години никако да дојдат. Се сеќавам деведесттите години, бев средношколец, ни велеа еве само да ја прифатиме референцата ФИРОМ која ќе траела неколку месеци и на Македонија ќе ѝ тргне. Ја прифатија ФИРОМ, го сменија знамето и Уставот ама нашите родители останаа без работа, транзиција однесе многу херои на денешницата, пеколна транзиција, општа сиромаштија, тешки времиња. Истоте тие што тоа ни го ветуваа, се и денес на власт – транзиционите политичари. Во 2001 година ни велеа Рамковниот договор прифатете го и ќе бидете членка на НАТО, го прифативме, спроведовме, еве сега 17 години потоа истата приказна дека ќе сме влегле во НАТО само уште да го профатиме и овој договор. Во 2004 година ни велеа прифатете ја територијалната организација и Македонија ќе оди напред по европските вредности. Се донесе Законот и еве по 14 години не се помрднавме напред, само неколку метри назад. Ајде еднаш да направиме поинаков чекор да се одважиме и да не го прифатиме она што ни го нудат на маса, затоа што е штетно, погрешно и манипулативно. Затоа што ова е договор за промена на името Македонија и референдум по кој нема да дојде, туку така европската иднина, која ни ја преставуваат со толку многу розеви очила.

Македонија со овие луѓе на власт ќе остане во чекалницата и никогаш нема да биде во Европската унија, рече Мицкоски. Според него веројатно заедно со Турција ќе бидеме на чекор до влез, но тој чекор со Заев на власт се претвора во бесконечно чекање, и создавање на очекувања кои нема да се реализираат. Македонија е дел од Европа, отсекогаш и тие вредности мора да станат дел од македонското општество, но дали има поголема казна за тие вредности премиер на државата да биде Зоран Заев, човек кој до гуша ево  криминал, неморал и неспособност. Ги видовме неговите невредности и непринципи. Тие се викаат евро за Вицето евро за Црквата, човекот кој од Валадново порача дека ќе јадел живи луѓе, а сега сака да ја изеде Македонија. Погрешен е овој човек, не е ова патот.

Мицкоски се осврна и на настапите на премиерот Зоран Заев на трибините низ градовите во Македонија.

-Македонија била кајче среде езеро и требало да сме извеслале со плаките, како што Заев ги именува веслата, до површината, на брегот. Па продолжува ако сме го земале само едното весло ќе сме вртеле во круг. Но, господине Зоран Заев не ли гледаш дека не е до веслата. До тебе е. Токму ти со секој изминат месец на власт правиш се поголема дупка на кајчето и водата влегува. Македонија се помалку ја има.  

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top