Една недела пред 30 септември ВМРО-ДПМНЕ ги собра охриѓани на протестен марш. Жители на Охрид и Охридско, Струга, Ресен, маршираа низ градот порачувајќи Македонија ќе победи.
Пред илјадниците граѓани на градскиот плоштад се обрати претседателот на партијата Христијан Мицкоски и ги повика охриѓани со аплауз да ги поздрават пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се во притвор, современите војводи, како што ги нарече тој, кои страдаат од власта на СДСМ.
-Еден мудар човек рекол и покрај сите страдања што ги гледаме и што не стегаат околу вратот, имаме незапирлив инстинкт кој нè држи исправени.
Ние сме ВМРО, а ВМРО е кауза, непокор и пред се емоција, но најважното чувар, чувар на Македонија, нејзин сопатник низ времето. Било и ќе биде.
Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и со срце, не сум на страната на оние кои работат на обезличување на својата држава, својот народ, затоа што јас не би можел да се погледнам во огледало ко прифатам нешто во што не верувам, нешто што не го чувствувам и спознавам за исправно. Јас ја сакам Македонија онаква каква штое, кава што ја наследивме од нашите предци и сакам да ја оставиме на нашите деца онаква каква што ја заслужуваат – исправена, горда и подобра од онаа што ја наследивме.
Мицкоски потсети дека македонската историја изобилувала со искушенија и предизвици, но и со луѓе кои се спротивставиле на тие предизвици.
-Знаете и Гоце можел да остане само учител, исто како и Дамјан Груев во неговото Смилево, Карев можел да го продолжи занаетот на својот татко, исто како и Узунов, кој можел да има мирен живот, но тие одлучиле да се спротивстават. Затоа што срцето им велело дека на неправдите треба да се одговори, и бробата за човечки права е нешто што природно ни припаѓа и нешто што треба да се издвојува. И денес повеќе од сто години потоа ги паметиме и славиме не затоа што се откажале, не затоа што тогаш победиле, туку затоа што се бореле, а нивната идеја ја преземале генерациите потоа и денес ја живееме слободата во чие издвојување нивните имиња најгласно се слушаат, исто како и стотиците други кои се вградиле во темелите на самостојна независна и суверена Република Македонија.
И затоа денес ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, рече тој, и додаде дека таа му припаѓа на народот кој во историјата иако бил напуштан од оние кои не верувале, оние кои за ситна корист вртеле страна, но народот и ВМРО остануваат своите најверни сопатници низ сите бури и невремиња.
-И оваа борба која имаме денес како политичка партија е за Македонија и нејзината иднина, за работникот кој работи по 12 часа за плата која е потпресечна, и кому му е тешко затоа што гледа дека со оваа власт не оди кон добро, ама ја стиска тупаницата и вели Македонија е се што имаме. За младиот кој секој ден се крши во себе да замине од државата по подобро утре, ама си дава шанса велејќи така лесно не се напушта родното огрниште, Македонија е мојот дом. За старите родители кои се загрижени за своите деца, и кои не може да имаат мирна старост затоа што целиот живот го поминале во исчекување за подобро утре кое никако да дојде и си велат го потрошивме целиот свој живот и дадовме цела своја надеж зарем за некоја друга држава и земја под друго име, кога Македонија е во нашето срце. За невработените кои знаат дека она што сега се случува е уште една кампања каде се розевите слики се распрснуваат како меур од сапуница по нејзиното завршување и чуvствуваат дека нема да дозволат да бидат уште еднаш излажани, зaшто знаат кога ја нема Македонија, нема ништо, и остануваат без се и без сопственото јас. И еве сега одговарам, сите оние експерти, аналитичари, политичари кои пишуваат секакви измислици за мене и за ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш кога ќе напишете за мене да попуштам, да наведнам глава – секогаш сум само помотивиран, за мене нема цена за која ќе попуштам, јас сум Македонец, а жолтиците еден ден ќе натежнат на вашата душа.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на, како што рече, апокалиптичните сценарија за партијата под негово раководство.
-Поминаа речиси 10 месеци од моето водење на ВМРО и ќе ги поздравам оние кои наметнуваа апокалиптични сценарија за партијата, за она што ќе се случувало внатре и како јас нешто сум договорал со Заев, и како ќе сум ја наведнел главата и ќе сум го поддржел договорот со Грција. И сите тие кои ова го збореа и прогнозираа, сега ги гледам како ме напаѓаат зошто сум се противел на договорот, а еве и пред вас ќе речам – овој договор е штетен и треба да се отфрли, бидејќи е диво месо вметнато во здрав организам, кое не гуши и допрва ќе не влече надоле ако не се спротиставиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст