| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Полска: „Не се живее од плата до плата“

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест во главниот полски град Варшава. Тие бараат поголеми плати и отворање на нови работни места во јавниот сектор.

Според полицијата, на протестот учествувале 26.000 луѓе. „Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме“, изјави Јан Гуз од синдикатот.

Протестот е организиран еден месец пред локалните избори во Полска и десетина дена по одлуката на владата за зголемување на минималната плата на 522,6 евра почнувајќи од 2019 година.

Синдикатите сметаат дека тоа зголемување не е доволно, а особено се незадоволни вработените во образованието кои заработуваат нешто повеќе од минималната плата. Тие побараа оставка на министерот за образование, а демонстрантите го осудија и недостигот на дијалог со властите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top