Александар Солоник е веројатно најпознатиот руски платен убиец од крајот на минатиот век. Неговите злосторства се опишани во два играни филма, 9 серии, 3 книги и многу документарци.
Го нарекувале Александар Македонски, а прекарот го добил поради „пукањето на македонски начин” – израз кој влегол во рускиот јазик кон крајот на 19. век, а значи истовремено пукање од два револвери.
Роден во 1960. година, Александар минал воена обука во тенковската единица на советската војска кон крајот на 70-тите. Во раните 80-ти години се вработил во полицијата, но по шест месеци бил отпуштен поради сурово однесување со уапсените. Се вратил во родниот Курган и се вработил како гробар.
На неговиот попис на жртви биле најпознати руски мафијаши во 90-тите години. Некои извори велат дека тој никогаш детално не планирал убиства, туку се раководел според интуицијата. Некои ситуации покажуваат дека навистина било така, пишува “Russia Beyond”.
По неколку ладнокрвни убиства и неколку апсења, побегнал во Атина.
Изнајмил куќа во која живеел со својата 22-годишна девојка, манекенката Светлана Котова.
Александар ги прекинал сите врски со своите работодавци и нивните односи се влошиле до таа мерка што ги користел нивните фотографии како мети за вежбање.
Лидерите на руската мафија се одлучиле да не чекаат кога Александар ќе ги нападне, па по неговата глава го пратиле вториот најпознат убиец – Саша Солдат. Двајцата добро се познавале и Александар со својата девојка дошол во куќата каде престојувал Солдат со уште двајца пријатели.
Наскоро грчката полиција ги пронашла телата на Александар и Котова закопани на различни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


