Кривичниот суд во Скопје го игнорира барањето од невладиниот сектор да запре со малтретирањето на обвинетите за случајот 27 април.
И покрај реакцијата на “Коалицијата за правично судење” која бара да се запре со долгите судски сеанси вчера судот повторно дозволи речиси 14 часовно судење кое заврши по полноќ.
Со вчерашното судење во Македонија урнат е рекордот на часови на судење во еден ден. Предходно најдолгото судење траело 11 часа.
За обвинетите во домашен притвор и адвокатите кои што доаѓаат од други градови на пример Охрид, целата одисеја трае по 20 часови затоа што по околу 3 часа се во полициско возило кое ги носи и зема од куќен притвор.
Овие обвинети, затоа што судењето се одржува два дена по ред немаат ни 4 часа за спиење и подготовка за судењата.
Судски и извори од истражители велат дека долги судења се организираат како еден вид специјална војна со цел да се предизвика психолошка нестабилност кај обвинетите и адвокатите за тие да направат грешки во процесот.
Оваа тактика се користела од политички судови во неразвиени земји со диктатура каде што недостаток од сон кај обвинетите поради психолошката нестабилност и страв предизвикана од долгото судење често доведува до признание за дела кои што никогаш и не се случиле.
Мачење со неспиење е метод кој што е забранет со меѓународните конвенциите со кои се регулира прашањето за тортура кон обвинети за тероризам.
Американските власти пред неколку години беа обвинети дека со метод на неспиење вршат тортура врз заробениците во логорот Гуантанамо на Куба.
Барањето на Коалицијата за правично судење против кршење на правата на обвинетите во процесот за 27 април
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст