| четврток, 6 декември 2018 |

Сеф со над 7 илјади евра украден од продавница во Виница

Во утринските часови на вчерашниот ден 32-годишник од Виница во полиција пријавил дека меѓу 20. и 21. септември била извршена кражба во продавница за бела техника и санитарија, лоцирана во приземје на зграда во Виница.

Притоа, од фиока од работно биро биле одземени 1.651 денари, а од канцеларијата одземен бил метален сеф во кој имало 6.910 евра и 49.651 денари.

По пријавата на настанот, во полиција се јавил и виничанецот Н.Т. кој информирал дека во атарот на селото Виничка Кршла пронашол метален сеф со видливи оштетувања од насилно отварање во пределот на бравата.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top