Новинската агенција МИА ги променила изјавите на премиерот Зоран Заев дадени во кусото интервју за МИА од Вашингтон по средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс, откако интервенирала Атина, пишува грчкиот весник „Екатимерини“.
Во интервју за МИА во Вашингтон, Заев изјавил: „Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија. Ова е наша Македонија и нема да има ниедна друга во светот“. МИА веднаш го пренесе интервјуто, но подоцна комплетно ги промени изјавите на Заев.
Променетото интервју изгледало вака: „Сите знаеме денес дека дел од геополитичкиот регион од Македонија е во Грција, дел во Бугарија и северниот е во нашиот дел. Придавката “северна” прави разлика и ние потврдуваме дека постојат региони во Бугарија и во Грција кои се нарекуваат Македонија“, пишува во текстот на “Екатимерини”.
МИА се самопоништи на дваесеттиот роденден
Текстот на грчкиот весник „Катимерини“ е потврда дека државната новинска агенција МИА ја тресе голем скандал. Во деновите кога МИА прославува 20 години од основањето, нејзиниот кредибилитет како агенција е сериозно доведен во прашање. Новинска агенција која се финансира од Буџетот на граѓаните да ги менува изјавите по потреба на премиерот и соседните држави.
Автоцензурата на Заев најверојатно се одвивала по следниов редослед.
Заев кажал: „Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија. Ова е наша Македонија и нема да има ниедна друга во светот“, МИА пренела, грчкото МНР реагирало директно кај Заев или во Владата, а оттаму или тој лично, реагирале МИА да ја смени изјавата на премиерот во: „Сите знаеме денес дека дел од геополитичкиот регион од Македонија е во Грција, дел во Бугарија и северниот е во нашиот дел. Придавката „северна“ прави разлика и ние потврдуваме дека постојат региони во Бугарија и во Грција кои се нарекуваат Македонија“. Дали е ова точно или не може да покаже видеоснимката од интервјуто, која МИА се уште не ја објавува.
Ја повикуваме МИА да ја објави видеоснимката за да види и да слушне македонската јавност што и како рекол премиерот, а одговорните во Агенцијата на чело со директорот Драган Антоновски, да понесат одговорност.
Невиден скандал е национална новинска агенција која се финансира од Буџетот да ги менува изјавите по потреба на премиерот и соседните држави. Тоа сероиозно го доведува во прашање нејзиниот кредибилитет.
Кој лаже, Катимерини, Заев или МИА, најубаво ќе дознаеме од видеоснимката што треба да ја објави МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст