| четврток, 6 декември 2018 |

Така е, ама ич не е така: Зеколи му преведе на Заев што му кажал Пенс

Аналитичарот Арсим Зеколи, повторно со жестоки критики на својот Твитер профил упатени кон Заев и Владата на СДСМ. Тој заележа дека Заев повторно е изгубен во преводот или пак се обидува да ја манипулира јавноста со лажни достигнувања.

Зеколи истакна дека американскиот потпретседател Мајк Пенс при средбата со премиерот Заев во ниту еден момент не рекол дека, „Македонија го добива заслуженото место во евроатлантските структури“ како што пишуваше во официјалното соопштение на кабинетот на премиерот. Пенс изјавил „напредокот кон членство во НАТО и ЕУ“, што претставува разлика, забележува аналитичарот Арсим Зеколи.

„Ја изразувам својата лична поддршка за напредокот на Македонија кон членство во НАТО и ЕУ“, гласи цитатот од официјалниот стенограм на Белата куќа за реченото при средбата со Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top