| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски на средба со ѓорчепетровци: Народот совршено јасно вели НЕ за капитулантскиот договор (ГАЛЕРИЈА)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва одржа средба со жителите на Ѓорче Петров. На средбатаа во Домот на културата присуствувале и потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Владо Мисајловски и членот на Извршниот комитет Тони Михајловски.

По средбата, Мицкоски на Фејсбук напиша дека народот совршено јасно вели НЕ за капитулантскиот договор.

„Вечерва имав средба со граѓани во Ѓорче Петров, каде народот совршено јасно вели НЕ за капитулантскиот договор.

Имаме штетен договор скроен со грчки терк. И луѓето кои направија економско цунами, кои не сработија ниту еден проект, кои воведоа зголемување на акцизата на горива, кои донесоа сиромаштија, несигурност по улиците и страдања, не може да донесат иднина. Иднината која ја нудат е поплочена со лукративни намери за да продолжат да крадат и земаат тендери.

За Македонија, договорот со Грција значи промена на име и идентитет, а за оние од власта значи спас на нивните кариери. Нема да бидеме дел од генерацијата кои се себепрекрстиле и ги прекрстиле своите деца и сите идни генерации.

Затоа народот е на нозе и народот ќе го отфрли договор на Заев за понижена Македонија. Македоника е силна и Македонија ќе победи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top