| четврток, 6 декември 2018 |

Знае ли што ветува Царовска?

Bo ветувањата на Владата на СДСM и министерката Мила Царовска дека социјалната помош ќе се зголеми за 300 проценти не веруваат голем број на граѓани на Република Македонија. За тоа говорат многуте коментари по социјалните мрежи.
Граѓаните потенцираат дека ова зголемување на социјалната помош е само едно лажно ветување на СДСМ се со цел да се придобијат колку е можно поголем број на гласачи за престојниот референдум.Од коментарите на граѓаните може да се заклучи дека оваа најавена мерка не е реална и не може да се реазлириа од страна на буџетот на Република Македонија.
Имено тие потсетуваат дека растот на БДП за последната година беше за само 0,1 процент.
За граѓаните оваа најавена мерка е несфатлива. Причината е што не може минималната плата и социјалната помош да изнесуваат по 12.000 денари.
Многу од граѓаните укажуваат дека не е фер некои луѓе да работат цел месец за минимална плата со некои лица кои би зимале ист паричен надоместок со лицата кои се сметаа за социјален случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top