| четврток, 6 декември 2018 |

Тимоние: Изборот е Северна Македонија или Северна Кореја

„Мислам дека Македонците сега имаат вистинска шанса, особено во текот на идната недела, и дека се способни да направат одредени жртви. Зборувам со Македонците и знам дека сето ова воопшто не е едноставно, но треба сите да размислуваат и за идните генерации. Можеби директно, но ќе ви кажам. Изборот е Северна Македонија или Северна Кореја. Треба да знаете што ќе изберете“, рече Тимоние на панел-дискусијата „Реформи, референдум и евроатлантски-интеграции на Република Македонија“ што се одржа во Министерството за надворешни работи.

Тој уште порача дека треба да се продолжи со реформите.

„Во Секретаријатот за европски прашања забележуваме дека тоа бара секојдневна работа и знаеме да кажеме Македонците се многу вешти во подготовка на текстовите, ама многу потешко ги спроведуваат практично. Но, тоа е случај со сите и треба да се продолжи“, изјави амбасадорот Тимоние.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top