| четврток, 6 декември 2018 |

Молете бога да не ви се расипе колата во Србија


Не е тајна за српските експерти дека „друмски пирати“ ги демнат странските возачи на патиштата во Србија. Но тоа сега одекна во јавноста, откако неколкумина германски возачи, кои поминуваа низ Србија враќајќи се од одмор, се пожалија на тамошните медиуми дека поминале низ пекол кога нивниот автомобил се расипал.

И покрај тоа што тие повикале помош на патот, како членови на АДАЦ, најголемото европско автомото здружение, на помош им доаѓал измамник, ги шлепувал до автомеханичар и им наплатувал огромна сума пари за поправка.

Затоа германскиот весник „Велт” ги предупреди сите возачи да бидат внимателни, особено кога минуваат низ Србија.

Дамир Окановиќ од Комитетот за безбедност во сообраќајот вели дека сето ова се случува со години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top