Независниот пратеник Ферид Мухиќ не коментира дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името, како и дали ќе гласа за уставните промени кои следуваат по референдумот. Во изјава за “Макфакс” тој рече дека Владата на граѓаните им должи објаснување кои конкретно уставни промени би се случиле во Собранието.
-Не би сакал да кажам дали ќе го дадам својот глас на референдумот, бидејќи сметам оти тоа може да биде истолкувано како повик да се излезе или не. Но, недопустлив пропуст е да не се најави конкретно за кои уставни промени станува збор. Граѓаните ќе го дадат својот глас на референдумот, но не знаат прецизно кои се уставните промени, Владата на граѓаните им е должна образложение кои се точно најавените уставни промени, вели Мухиќ.
Пратеникот, исто така, посочи дека ставовите кои досега ги кажал во Собранието и во медиумите се конзистентни и остануваат непроменети, бидејќи од почетокот на кампањата за референдумот па до сега, не видел ниту една причина да го промени своето мислење за Преспанскиот договор за кој патем смета дека е штетен за Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст