| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка се бори за живот, во автобус ја избола жена?

Дваесет двегодишна девојка е повредена во напад кој се случил вчера околу 21 часот во автобус кој сообраќал од Белград за Лазаревац. Неофицијално, Блиц.рс дознава дека девојката е префрлена во Клиничкиот центар на реанимација.

Во моментот кога ја нападнал непознат напаѓач, девојката била со своето момче и другарка, но никој од нив не го видел напаѓачот.

Според една верзија, момчето на девојката го замолило возачот да го запре автобусот, зашто на неговата девојка не ѝ е добро, па излегле од автобусот. Според другата, пак, девојката била нападната од жена.

Истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top