Вашингтон силно го поддржува Договорот со Грција со кој се отвора патот на Македонија кон НАТО и ЕУ. Ова е пораката која американскиот потпретседател му ја упатил на македонскиот премиер , на средбата во Белата куќа. Спроведувањето на договорот , според Пенс, ќе доведе до поголема безбедност на целиот регион и ќе овозможи економски просперитет.
Во овој критичен момент за иднината на државата е важно граѓаните да излезат и да гласаат на на 30 септември, истакнал Пенс на средбата.
Според Заев поддршката на САД доага во клучен моммент за Македонија
Можноста да разговараме со потпретседателот на САД Мајк Пенс доаѓа во клучен историски момент за Република Македонија. Од потпретседателот Пенс добивме пораки на охрабрување за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на Договорот од Преспа. На средбата беше истакнато дека со Договорот го обезбедуваме заслуженото место во евроатлантските структури. Со тоа го осигуруваме мирот, стабилноста и просперитетот за нашите граѓани…
Премиерот го информирал потпрестедателот на САД за активностите за спроведување на референдумот, со оценка дека МАкедонија нема алтернатива освен НАТО и ЕУ и дека граганите препознаваат дека нивната одлука ќе се преточи во процес на пристапување на земјата кон Алијансата.
Заев и Пенс разговарале и за можноста заеднички да го прослават приемот на нашата земја во НАТО наредната година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст