| четврток, 6 декември 2018 |

Групна тепачка во Штип: Гостин со кола сакал да прегази сопственик на кафуле

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Н.А. (31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против П.А. (34), Ѓ.И. (30) и М.В. (40), сите од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Во средата околу 00.20 часот во Штип, на улицата „Кирил и Методиј“ во кафе бар, првопријавениот под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир, по што настанала вербална расправија и физичка пресметка помеѓу истиот и второпријавениот, кој е сопственик на објектот.

По ова, истите излегле надвор од објектот, каде првопријавениот, управувајќи возило „Ауди А6“, се обидел да го прегази второпријавениот и уште две други лица, при што им нанел телесни повреди. Потоа второ, трето и четвртопријавениот започнале да го оштетуваат наведеното возило, во кое имало уште еден сопатник и физички го нападнале првопријавениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top