| четврток, 6 декември 2018 |

Ја испрскале сопственичката со спреј: Германка и нејзиниот син сакале да ограбат менувачница

Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Свети Николе до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Ц.Х. (45) од Р. Германија и известување против нејзиниот 14 годишен син поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Вчера околу 07 часот во Свети Николе, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, пријавената заедно со нејзиниот син влегле во менувачницата во Свети Николе и откако размениле пари сакале да влезат во просторот позади шалтерот, но биле спречени од вработената (сопственичка) К.А. на менувачницата, по што пријавениот малолетник со спреј ја испрскал неа и нејзината ќерка, по што ја турнале на подот и ја влечеле и удирале.

Пријавените биле лишени од слобода и приведени во Полициска станица Свети Николе. Од страна на судија на претходна постапка на Ц.Х. одредена и била мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top