| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА ќе го истражува трансферот на Кристијано Роналдо

Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи да го истражи трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус. Старата дама летово за 117 милиони евра во своите редови го донесе Португалецот, но околностите околу трансферот ги заинтересира и УЕФА.

Одлучено е да се истражи овој трансфер, а федерацијата ќе истражи дали се било во склоп на финансискиот фер плеј или се прекршени одредени правила.

Освен оштетата, Јувентус на Роналдо му даде плата од 30 милиони евра годишно, а Старата дама на засилувања вкупно потрошила скоро 250 милиони евра. Ако се открие дека имало неправилности околу трансферот, торинскиот клуб би можел да сноси последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top