| четврток, 6 декември 2018 |

Серхио Агуеро го продолжи договорот со Манчестер Сити

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, го продолжил договорот со клубот до 2021 година. Доколку тој го испочитува договорот и не ја промени средината во следните три години, Аргентинецот ќе комплетира цела една деценија во дресот на актуелниот шампион на Англија.

– Среќен сум поради ова. Кога доаѓав идеата беше да останам десет години. Во моментов сум овде седум години, така што кога договорот ќе истече ќе бидат навршени десет, рекол 30-годишниот Аргентинец.

Инаку Агуеро во Манчестер сити пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид за сума од 40 милиони евра. Досега има одиграно 299 натпревари на кои постигнал 204 гола за клубот. Тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот, а далеку зад него е Ерик Бурк со 178 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top